Шекеринска: Секоја иницијатива во полза на нашиот европски пат е добредојдена

Радмила Шекеринска, заменик претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека истата порака како од Италија, за предомислување на францускиот претседател Макрон, пристигнала и од други стани.

-Истата порака дојде од Претседателот на ЕК, од клучните земји членки, од Германија беа многу гласни тие пораки. И тие пораки се обединети во една реченица, а тоа е дека Северна Македонија направи се, ЕУ не испорача тоа што требаше и тоа што вети. Секоја иницијатива во полза на нашиот европски пат е добредојдена. И ние ќе ја поздравиме. Меѓутоа, како што кажа Премиерот сега чекаме тие да испорачаат. Нема да шпекулираме со шанси за успех, нема да шпекулираме затоа што не зависи од нашипот перформанс, туку зависи од нивните внатрешни одлуки каде ја гледаат Европската Унија за 5 или за 10 години. Ние таа одлука не можеме да ја донесеме, но клучната одлука која ние како Влада ќе треба да ја носиме, којашто ќе треба да ја носат граѓаните на 12 Април, е дали сакааат европските вредности кои ги градевме да продолжиме да ги градиме, или ќе се вратиме во мрак и страв. Дали ќе се тгрудиме европските стандарди да ги приближуваме нашите кон нив, или ќе се враќаме во ситуации на затворени медиуми, незаконски прислушкувања и целосна контрола на државата. Тоа зависи од нас, и за тоа сме големи оптимисти. Она што зависи од ЕУ ќе сочекаме тие да го испорачаат а не ние да претпоставуваме кои ќе бидат нивните потези. Мислам дека е тоа по оправдано, земајќи предвид што се случи минатата недела. – рече Шекеринска.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e