Шекеринска: Невработеноста е на најниско историско ниво од 17.5 отсто

„Успеавме да ги оствариме резултатот за кој сонуваа генерациите во изминатите речиси 30 години и еве не, на чекор до членство во НАТО. Оваа масовност вечерва, во преполна сала покажува дека Малешевијата и Берово сакаат оваа држава да остане на правиот, на вистинскиот пат“,  го започна обраќањето заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.

Таа истакна дека од моментот кога сакаа со крв да спречат промена на власта, за само 2.5 години успеале да го остварат резултатот за кој сонуваа нашите генерации 30 години наназад.

„Тој резултат, тој успех, таа наша победа, не ни падна од небо, не ни го поклони никој. Тоа е резултат на желбата и храброста на граѓаните и способноста, истрајноста на оваа Влада предводена од СДСМ“, додаде Шекеринска.

Се осврна и кон тоа дека отвориле нови 50 илјади нови работни места, дека невработеноста е на најниско историско ниво од 17.5 отсто.

„Но, не се само работните места. Ги покачивме и платите. Минималната плата порасна неколку пати, вкупно за 5.500 денари. Тоа е зголемување од над 60%. Ќе продолжиме и понатаму затоа што трудот на работниците мора да се цени. Затоа, очекувам наредната година ново покачување на минималната плата“, рече Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ пред беровчани додаде дека единствени против покачувањето на минималната плата се ВМРО-ДПМНЕ, но концептот на СДСМ за враќање на парите кај граѓаните дава одлични резултати и ќе продолжиме по вистинскиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e