Шекеринска: Нашите мировници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Нашите мировници во УНИФИЛ во Либан се безбедни, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во мисијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан се ангажирани тројца припадници на Армијата, но тие се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

Сочувство за сите жртви и повредени во разорната експлозија во Бејрут, со надеж дека повредените, меѓу кои и морнарички мировници на УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, ќе закрепнат што побргу. – напиша Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e