Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе изврши увид во реновираните и комплетно опремени училници на Воената академијата во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина во Академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Реновирањето се изврши со средства од Министерството за одбрана, а опремувањето со врвна техничка и компјутерска опрема е донација од Кралството Норвешка.