ШЕФ НА КАБИНЕТ НА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ ВО 2019г ДОБИ КРИВИЧНА За злосторничко здружување, измама и проневера?!

Оливер Илиевски, директорот на водостопанство „Кумановско-липковско поле”, во 2019г поднесе втора кривична пријава против три лица, вработени во подружницата, Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л за повеќе кривични дела.

Злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, измама во служба, фалсификување на службена исправа, проневера во служба, несовесно работење, фалсификување или уништување на деловни книги, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

До каде е оваа кривична пријава и дали едно од овие лица е Филип Филиповски, кој сега е шеф на кабинет на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство?

Против овие лица, претходно исто така беше поднесена кривична пријава.

Во соопштението испратено од директорот Илиевски се наведува дека оваа група во 2015-та година,

– направила јавна набавка за резервни делови за систем за наводнување кој не постои,

– донеле одлука за најповолен понудувач кој се наведува во соопштението, не постои и

склучиле договор со економски оператот, за кој исто се наведува во информацијата дека не постои.

Пријавената група, стои во соопштението, изготвила лажни документи за прием на стоки во магацин и излез од магацин во ист ден за целокупната набавка.

Оваа криминална група само по оваа ставка во 2015-та година го оштеттила буџетот на Водостопанство Куманово за 2.478.327,00 денари, се вели во соопштението.

Според директорот Илиевски за ваков како што наведува во соопштението бескрупулозен криминал, јавноста треба да знае и дека ваква груба злоупотреба на власт не смее да се повтори.

Илиевски најави дека ќе продолжи да го разоткрива, како што наведува, целокупниот криминал и да ги информира граѓаните каде завршувале нивните пари.

-Како раководител на АД Водостопанство во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско-липковско поле” имам морална одговорност и обврска да ги известам граѓаните дека постапката за гонење на криминалци не застанува, криминалните дејствија мора да бидат санкционирани и изведени пред судот на правдата, стои во соопштението на Илиесвки, испратено тогаш до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e