Шахпаска: Продолжуваме со реформите, платите на докторите ги зголемивме за 15 отсто

„Продолжуваме континуирано да го унапредуваме здравството преку вистински и конкретни реформи. Платите на докторите ги зголемивме за 15 отсто“, изјави вчера од трибината во Берово Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Кон крајот на годината ќе се приближиме до она изборно ветување за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти. Исто така се грижиме и за пациентите. Го остваривме ветувањето за укинување на квотите на лекови со што сега граѓаните можат кој било ден во која била аптека да го подигнат соодветниот лек. Обезбедивме увоз на квалитетни лекови, а воведовме три нови инсулини. Остануваме посветени да ги остваруваме ветувањата и да продолжиме по прав пат“, посочи Шахпаска,

Шахпаска во своето обраќање се осврна и на донесувањето на Законот за стечајци со кој 12.000 граѓани добиваат надомест, како и за социјалната реформа преку која опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток е зголемен неколкукратно за разлика од претходно.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e