Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД подготвен за Европскиот Клупски Куп 2021

Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот Клупски Куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно после 2015 ќе биде на “наш терен” во Струга.

Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион! Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање. Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и од Анталија (Турција) се врати со сребрениот медал.

За 2021 година клубот е подготвен за настап со неколку промени во својот машки состав. Новина е фактот дека ШК Алкалоид за првпат ќе учествува на Европскиот Клупски Куп за жени со своја екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e