На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“. Со овој чин, ДСР и официјално станува дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Инаку, Салиу, кој моментално е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за
инклузија на Ромите 2022-2030, а е и претседател на партијата Демократски сили на Ромите, објави кандидатура за
градоначалник на скопската општина Шуто Оризари.
Како што е познато тој е еден од обвинетите за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени
203 лица.
Стана еден од обвинетите како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување. На таа позиција беше од
2008 до 2017 година.
Како осомничен беше уапсен кон средината на април, по што извесно време помина во затворски притвор
Беше пуштен од притвор кон крајот на мај, и доби мерки на претпазливост.
Во неколку наврати, изјави дека не се чувствува никаква одговорност и вина.