Министерот Николовски во неговото обраќање пред колегите министри од Југоисточна Европа, ја истакна важноста на поддршката што како држава ја добиваме од ЕУ, преку ИПАРД програмата.


Северна Македонија е лидер во регионот, со 100% реализaција на ИПАРД 2, со нула евра поврат на средства, и први во регионот ја започнавме ИПАРД 3 со нови 97 милиони евра европски средства.
Зелената агенда е уште еден важен приоритет за нас и претставува патоказ за одржливо земјоделство. Северна Македонија веќе ги интегрираше главните цели поставени на Зелената агенда за Западен Балкан во ИПАРД 3.
Отворен Балкан и Берлинскиот процес се базирани на основните европски вредности, слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Денес ги гледаме резултатите од иницијативата, 1,1 милијарда евра трговска размена помеѓу земјите членки на Отворен Балкан. Нашето поврзување беше за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничување, кој носи подобар живот за сите наши граѓани. Отворен Балкан подава рака за соработка и приклучување со другите земји од Западен Балкан.

