Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично го загуби животот во пожарот за време на новогодишната прослава во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, апелира за донации со цел да се покријат трошоците за неговиот погреб.
Стивен на прославата бил заедно со својата сестра, која, за среќа, успеала да се спаси и е меѓу преживеаните.
„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра излезе на кратко да земе воздух и токму тоа ѝ го спаси животот. Трагичен сплет на околности, страшна судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија на социјалните мрежи.
Од друштвото информираат дека се отворени трансакциски сметки за да му се помогне на семејството во покривањето на погребните трошоци, како и за обезбедување финансиска поддршка во овој исклучително тежок период на жалост, кога емотивната болка е дополнета со материјални грижи.
Александра Ивановска (мајка на Стивен)
Жиро-сметка за Македонија: 300057104118092
Комерцијална банка
Како што претходно соопшти Македонското друштво Пианец, погребот на Стивен Ивановски се одржал вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил.
Во катастрофалниот пожар во барот „Констеласион“ животот го загубија најмалку 40 лица, додека повеќе од 100 беа повредени.
