Семејствата на загинатите во пожарот во Кочани бараат независно вештачење бидејќи се сомневаат во токсиколошките анализи при обдукцијата по објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) која објави детали според кои жртвите е можно да починале од цијановодород, а не од јаглероден моноксид.
Според семејствата на загинатите, спорни се три моменти – кај голем дел од починатите нивото на јаглероден моноксид било ниско или нефатално, а водородниот цијанид не се детектира рутунски и брзо се метаболизира то значи дека ако не се направат специфични и итни истпиувања, доказите се губат. Спорено е и тоа што при обдукцијата било наведено дека се земени примероци за допонителни анализи но до денес резултати од таквиите испитувања не се доставени до семејствата на загинатите.
Најавуваат правно оспорување на заклучоците
