ДР-ДПА денеска одржа редовно партиско собрание во Тетово на кое беше одлучено новите потпретседатели на партијата да бидат Елми Азири и Ремзи Мемеди. Едниот доаѓа од огранокот во Куманово, а другиот од Кичево. Нивните кандидатури се признати од делегатите на оваа партија.
Лидерот на партијата, Зијадин Села, меѓудругото изјави дека доколку во првите 100 дена не се усвои законот за албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти владата. Сепак, тој како што додава, се сомнева дека такво нешто ќе се случи, пренесе ТВ 21.
Села не ја исклучи можноста за обединување на партиите учеснички во Алијансата за Албанците, во една единствена партија.