Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, после состанокот на Централното претседателство на партијата вечерва, изјави дека до партијата Алтернатива и Движењето Беса ќе достават уште една понуда за заедно да настапат на изборите на 12 април. На маса остануваат три опции, односно на изборите да одат во трипартиска коалиција – Алијанса, Алтернатива и Беса, второ – предизборна коалиција само со една од партиите или самостоен настап на изборите. Алијансата ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда и потоа ќе донесат одлука.