Седница на Влада: Прифатен Оперативниот план за мерки за вработување

Владата на Република Македонија на вчерашната редовна 56-та седница го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Со него посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години. Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.

Со усвојување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година, стартуваше имплементација на мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата. Среднорочната програма е насочена кон постигнување на целите кои се дефинирани во Стратегијата за иновации на Република Македонија, Планот за економски раст на Владата на Република Македонија и Проектот за развој на вештини и иновации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e