Владата на Република Македонија синоќа ја одржа 18-тата седница со повеќе точки на дневниот ред.
Како, итна, вонредна точка на дневниот ред на седницата со која претседаваше премиерот Зоран Заев, беше информацијата за пожарот во општина Македонски Брод, како и за други опожарени локации низ државата.
За време на седницата, Владата го задолжи Управувачки комитет за координација и управување на системот за управување со кризи, во состав: Оливер Спасовски, министер за внатршни работи, Горан Сугарески, министер за транскорт и врски, Радмила Шекеринска министерка за одбрана, Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мила Царовска министерка за труд и социјална политика, Агрон Буџаку претседател на ЦУК, како и претставници на АРМ, претставник од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, претставник од ЈП Македонски Шуми и УХМР, да донесат итни заклучоци и мерки за засилено делување на сите надлежни институции, како и единиците на локалната самоуправа во насока на справување со сите активни пожари на територијата на Република Македонија.
Донесена е одлука Министерството за внатрешни работи да го зголеми присуството на терен во сите засегнати подрачја, ЈП Македонски шуми непрекинато да ја информира Дирекцијата за заштита и спасување за сите новонастанати состојби на терен, и соодветно на развојот на настаните на терен, да продолжи континуирано гасење и локализација на активните пожари, како и овозможувањена услови за делување на АРМ, активно вклучена на теренот.