Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец денеска. UV=8
„Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец“, прогнозира УХМР.
Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максимална температура од 26 до 36 степени.
За среда синоптичарите најавуваат сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 12 до 21 степени, а максимална температура од 28 до 36 степени.
