Се укинуваат дисперзираните студии на УКИМ, на другите универзитети ќе бидат редуцирани

Министерството за образование и наука информираше дека Владата на Република Македонија донела одлука дека оваа година факултетите при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” нема да имаат дисперзирани студии.

„Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии“, велат од МОН.

Дополнително, одредени дисперзирани студии на другите Универзитети ќе бидат редуцирани.

Од МОН информираат дека од оваа година за првпат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината.

На владината седница, Владата го усвои Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети. Оваа година има обезбедени 26105 места за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13953 места за редовни студенти во државна квота, 8367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3785 места за вонредни студенти.

„При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години“, велат од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e