Се степале Македонци и Албанци во Италија, едно лице е прегазено

Италијанскиот град Перуџа, поточно областа Сан Систо, стана сцена на брутална пресметка меѓу две групи иселеници од Македонија и Албанија. Она што започнало како банална расправија во локален бар, завршило со тешки повреди и масовни апсења.

Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради претходно планирана заседа, туку поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт во барот ескалирал за неколку минути, по што групите излегле на улица вооружени со маси, столици и дрвени палки долги над 60 сантиметри. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.

Инцидентот добил уште подраматичен пресврт кога двајца од учесниците, во обид да побегнат со автомобил, со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин.

Младиот Македонец е хоспитализиран со тешки фрактури на двете нозе (лекување од мин. 30 дена).

Полицијата сè уште трага по возачот и сопатникот, од кои едниот е малолетник.

Голем број карабиниери и полицајци интервенирале по пријава на бројот 112. Епилогот од акцијата е:

11 уапсени лица (возраст од 19 до 31 година).
Пронајдена дрога кај еден од приведените.
Обид за прикривање докази (сокривање клучеви од возило во саксија).
Сите приведени се префрлени во затворот „Капане“ во Перуџа и ќе се соочат со обвиненија за тешко насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e