После вчерашната потврда од Портпаролот на Европската комисија дека е прекината исплатата на средства за земјоделскиот сектор на Северна Македонија, поради случај со поткуп од 50.000 евра, во кој се уапсени и осомничени двајца клучни блиски функционери на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, наводно во владата е вклучен црвен аларм и се спрема негова смена?

Смената, велат нашите извори е се поизвесна, само се чека тајмингот кога тоа да се случи дали сега пред нова година или по празниците за да не биде толку многу во фокусот на јавноста.
Цветан Трипуновски, по обзнанување на аферата, бегаше од соочување со опозицијата. Тој не се појави на тв дебата со поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски а не присустуваше ни на седницата за пратенички прашања, иако пред време бил известен дека ќе има прашање токму до него. Трипуновски и по потврдата од ЕК за суспензија, никаде го нема да даде свој коментар по однос на оваа одлука и да им се обрати односно извини на земјоделците и сите кои имаат инвестирано средства преку оваа програма.
Иако тој цело време негираше дека е суспендирана ИПАРД програмата, сепак на крај се испостави дека поради обидот за поткуп на негови блиски соработници, Евопската комисија ја стопираше исплатата.

