Движење за реформи-ДПА, НДП и Унитети ќе настапат заедно на изборите во декември. Нивните претседатели, Зијадин Села, Весел Мемеди и Гзим Острени, денес ставија потпис на договорот.
Претседателот на Унитети, Гзим Острени, истакна дека оваа предизборна коалиција е во интерес на граѓаните додека Села изјави дека целта на оваа коалиција е на Албанците во Македонија да им се даде надеж за промени.