Се одложи судењето за „шамарите во Центар“ – во судот дојдоа Груевски, Јанакиески, Рангелова

Судењето за насилствата пред општина Центар се одложи бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд.

Овој суд одлучува по жалбите на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, што ги поднесоа за казните од по 2.000 евра што им беа изречени на едно од рочиштата на ова судење.

Во Судот се појавија првообвинетите, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова,како и оштетените во овој случај.

Насилствата во општина Центар се случија во 2013 година кога група граѓани се спбраа пред општината за да ја „одбранат“ изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“.

За овој случај беа објавени и прислушувани разговори во кои се слушаше како тогашниот премиер нарачува шамари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e