Се очекува Владата да ги соопшти мерките од антикризниот пакет

Вчера, премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на компанијата „Вабтек МЗТ АД Скопје“, одговарајќи на новинарско прашање зошто сè уште го нема новиот пакет на мерки за помош на граѓаните, рече дека неделата сè уште не е завршена.

„Оваа недела сè уште не е истечена, мислам дека ресорните министерства се во финална фаза на подготовка на антикризните мерки“, рече вчера премиерот Ковачевски.

Денеска, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, најави дека во вторник на седница на Влада ќе биде на ред пакетот антикризни мерки.

Како што рече министерката, со пакетот се опфатени голем број граѓани и приваниот сектор и додаде дека во вторник ќе има информација за тоа што се содржи новиот пакет антикризни мерки.

Претходно, и Тренчевска рече дека очекува до крајот на оваа недела да бидат донесени новите мерки за помош од страна на Владата.

Со новите мерки извесно е дека граѓаните што ќе бидат опфатени ќе добиваат месечна поддршка, а колку време ќе ја добиваат, ќе прецизира одлуката на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e