30 насто намалување на затворската казна на сите затвореници освен за оние за кои не е предвидена амнестија како што се осудениците на доживотен затвор и затвор за убиство, пишува Либертас.
Невладини организации кои се бават со оваа дејност ќе изготват закон за општа амнестија на сите кои издржуваат затворска казна а за кои е таа можна.
Размислувањата се да се донесе закон во парламентот вкупната затворска казна да се намали за 30 насто. Оваа иницијатива е пред се осудените таканаречени политички затвореници од режимот да добијат делумна правда.
Законот кој најверојатно на владата ке и го предложи Хелсиншкиот комитет за да стапи на сила ке требе да добие зелено светло во парламентот.
Изворите на Либертас тврдат дека на законот за општа амнестија правни стручњаци веќе работат и истиот многу брзо би се нашол во парламентот на усвојување.