Во ноември 2020 година медиумите го пренесоа соопштението на Кривичниот суд со кое беше известена јавноста дека им се одземени патните исправи на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, и на нејзиниот соработник Александар Гочев, но им одреди и забрана за вршење на одредени работни дејствија.
Со овој случај практично се потврди дека власта на СДСМ има поинаков пристап во борбата против корупцијата. Зоран Заев неколку години, додека беше премиер, а особено беше истакнувано по неговите предизборни митинзи, дека законот мора да важи за сите подеднакво за да имаме правна држава.
Потоа, за многумина беше неверување, но истрага беше покрената и против министерката Фросина Ременски, која беше и потпретседателка на парламентот, обвинета е за финансиски малверзации во досието „Меѓународен сојуз“, а пред неколку дена првостепениот суд донесе ослободителна пресуда за неа. Обвинителката во предметот во изјавата за медиумите нагласи дека не се согласува со ваквата судска одлука и дека ќе подготви жалба до повисокиот суд затоа што смета дека во предметот има јасни докази кои укажуваат на влијанието на Ременски во целиот случај.
Не помалку изненадена беше јавноста кога претходникот на Зеќири, Драги Рашковски заврши во притвор, а потоа и започна судски процес за негови злоупотреби на функцијата со софтвери за кои обвинителството тврди дека му донеле незаконска материјална корист. Граѓаните се сеќаваат дека Заев многу често повторуваше дека тој лично не верува во ставот на обвинителството дека Рашковски е виновен и нагласуваше дека очекува позитивен исход за неговиот колега. Но, таквата јавна изјава немаше свое влијание врз истражните органи, тие го занемаруваа ваквиот, ако може да се протолкува како индиректен притисок.
Едноставно се водеа од доказите и за случајот ќе има пресуда. Ако се следат настапите на обвинителите во предметот против Рашковски тогаш нему му се заканува затворска казна. Во иста, непогодна ситуација сега е и Зекири.
Ако обвинителството изгради случај со докази тогаш и нему му виси судски процес и е соочен со пресуда.
Покрај овие важни предмети за враќање на довербата на граѓаните во судството, но и општо, во независноста на институциите, тогаш не смее да се исклучи активноста на Комисијата за борба против корупцијата, која постојано алармира за случаи на функционери од власта, преку независни и слободни постапки, со што се остварува смислата на нејзиното постоење.