Евтината тарифа на струјата ќе се врати на истиот начин како што функционираше и во минатото. Владин тим во Трст веќе разговарал со директорот на Европската енергетска заедница Јанез Копач околу тоа како да се направи целиот процес на враќање на евтина струја без да бидат повредени и нарушени правилата на Европа. Засега нема информации од кога би стартувала примената на евтината струја. Со враќањето на оваа тарифа сите домаќинства секој ден по два часа ќе имаат евтина струја, а исто и во саботите и неделите.