СЕ БАРА ОСТАВКА ОД МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ, СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДИРЕКТОРОТ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, а едно лице сторило продолжено кривично дело Примање поткуп, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против сите осомничени.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје истата со Решение да ја определи за сите осомничени.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството е меѓу четворица од петтемината осомничени за давање и примање поткуп.

Притворите на четворицата од осомничените им се изречени поради опасност од бегство, можноста за влијание врз сведоци и повторување на делото, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

“Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешен во оваа корупциска шема? Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност? Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството? Овој корупциски скандал е директна закана ИПАРД програмата целосно да биде суспендирана од ЕУ. Доколку продолжи оваа состојба, ќе се блокираат милиони евра кои треба да завршат кај македонските земјоделци. Затоа мора да им целосна одговорност од првиот до последниот. Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше првa во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна. Денес, по само година и пол власт на ДПМНЕ и Трипуновски избива огромен корупциски скандал. Ова е слика на Македонија под ВМРО-ДПМНЕ: држава на партиска корупција на секое ниво каде парите на земјоделците ги крадат функционерите на власт. Одговорност за ова мора да има.”, порачаа денеска од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e