СДСМ: Заврши времето кога работниците беа дискриминирани, заврши времето на поделби (ВИДЕО)

„Од држава во која работникот беше маргинализиран, бизнисите завршуваа со катанец на врата, а макро и микро економијата на државата тонеа, денес, имаме економија која е стабилна и развојна, конкурентни бизниси и мотивирани работници. За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за цели 5.500 денари“, вели денеска Златко Леов, член на Комисијата за економија на СДСМ.

„Минималната плата почнувајќи од декември е порасната на 14.500, со тоа 66 илјади денари или 1100 евра годишно дополнителни средства ќе имаат граѓаните со најниски примања. Заврши времето кога работниците беа дискриминирани, заврши времето на поделби, денес сите работници примаат еднаков минимален месечен надоместок без разлика во која област работат. Токму минималната плата е акцелератор за покачување на сите плати, со што спиралата за раст на платите продолжува да носи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните“, вели Леов.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e