СДСМ започнува со „Вистината за случајот АНБ“ – зошто власта бега од декласификација?

СДСМ денеска најави дека започнува со објавување на „Вистината за случајот АНБ“, по серијата информации што изминатата недела ја потресоа јавноста.

Од партијата прашуваат зошто речиси една недела по објавувањето на наводите за наводно следење, власта сѐ уште не ја започнала процедурата за декласификација на документите поврзани со случајот.

Дополнително, СДСМ прашува зошто и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лично не побарал декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност, во која, како што се наведува, наводно бил следен.

„Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, порачаа од партијата.

Денеска во 10:30 часот, на прес-конференција ќе се обрати портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која најави дека ќе ја презентира вистината за случајот АНБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e