СДСМ: За само три години просечната плата порасна за над 4.000 денари

„Вистинските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои се во насока исклучиво во интерес на граѓаните и државата се потврдуваат во континуитет.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.

Тоа е за 4.059 денари повеќе во однос на јуни 2017 кога таа изнесувала 22.808 денари.

И денес, во време на светска криза, трендот на раст на платите не престана, туку напротив продолжи со раст, благодарение на ефикасните и навремени економски антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ.

Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога оваа партија беше на власт во периодот од три години (јуни 2014-јуни 2017), просечната плата бележеше зголемување за само 1.575 денари, односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесувала 21.233 денари“, стои во соопштението на СДСМ.

СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите.

Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и подобро за граѓаните, за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e