СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

СДСМ денеска продолжи со, како што вели, разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на премиерот Христијан Мицкоски. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска информира дека денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци.

-Станува збор за извесен Глигор Поцев. Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа.

Како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери, прашуваат од СДСМ и додаваат „како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата“.

Кузеска истакна дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма од две лица основана од пред само една година, „јасно покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа на Никола Груевски и Сашо Мијалков“.

-Дури и луѓето се од истиот груевистички период очигледно! Ништо од ова не е случајно, ова е криминален систем за крадење пари од граѓаните и контрола за кој мора да има истрага и одговорност. Крадењето мора да запре. Инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот. Предупредуваме да знаат сите дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш, кажа портпаролката на СДСМ на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e