СДСМ: Во тек е ослободување и професионализација на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше

ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски ја партизираше државата и ги злоупотребуваше институциите и од нив наместо сервис за граѓаните, направи сервис за исполнување на желбите и интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Преку реформскиот План 3-6-9, Владата предводена од СДСМ започна со процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивна професионализација и функционирање исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности за сите, а лицата кои правеа поделби, вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе не смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e