СДСМ денеска во Кавадарци и Јегуновце, ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка

Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк.

Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, развој на економијста, подобар животен страндард за сите.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општина Кавадарци и општина Јегуновце, а пак претставници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

Според, најавите Демократскиот сојуз ќе го одржи VI-иот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности , а во Охрид Граѓанско демократската унија – ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e