СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се обидува да врши притисок врз правосудните органи

Со празни прес конференции пред просториите на правосудните органи ВМРО-ДПМНЕ во страв од соочување со одговорноста за се она што го правеа изминатите години, секојдневно се обидува да изврши притисок врз правосудството и да го попречува владеењето на правото.

Лицемерно и апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ на една иста прес конференција прво да ги повикува судовите да не подлегнуваат под притисоци, а веќе во следната реченица да им кажува на судовите како да постапуваат по одредени предмети.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок врз судиите.

Судовите мора да одлучуваат независно, без никакви надворешни влијанија, а ВМРО-ДПМНЕ мора да ги остави судовите самостојно да работат и да одлучуваат.

Токму владеењето на правото и одговорноста за сторените дела е државен и национален интерес на Македонија.

Република Македонија ќе биде правна држава. Секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e