СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и популизам

Уште во првите денови од новиот мандат Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, порачаа од СДСМ денеска предку соопштение.

Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните – правда во оваа држава има и ќе има.Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара. – потенцираат од партијата.

Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите.

Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e