Преку нецелосни информации ВМРО-ДПМНЕ во очај се обидува да фрли дамка врз работата на Министерството за одбрана и Армијата.Во време на хибридна војна намерното ширење дезинформации со цел да се наруши угледот на Министерството е неодговорно и антидржавничко однесување, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Цела година ВМРО-ДПМНЕ со илјадници амандмани го блокира Законот за служба во Армијата а денеска шири невистини, ете колку се грижат за припадниците на Армијата.
За разлика од нивното владеење кога војниците беа манипулирани и потценувани, денес постојано се инвестира во повисоки плати, во нова опрема и подобри услови за работа на војниците, а нашата Армија е респектирана и рамноправна со армиите на земјите членки на НАТО, велат од СДСМ.