Во страв од соочување со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ преку празни и рециклирани прес-конференции секојдневно очајно се обидува да изврши притисок врз судството и да го попречува владеењето на правото.
Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски преку „Сваровски“ судството и судиите од тефтерoт на Гордана Јанкуловска монтираа случаи, вршеа прогон, се пресметуваа со неистомислениците. Заврши времето кога судските пресуди се нарачуваа и пишуваа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Реформите во судството зацртани во реформскиот План 3-6-9 кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, обезбедуваат професионално и независно судство, ослободено од какви било партиски притисоци и контроли. Владеењето на правото е врвен државен и национален интерес и затоа секој оној кој направил какво било кривично дело ќе мора да одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било припадност, реагираат од СДСМ.