Пропадна уште една лага од белиот дворец со која ВМРО-ДПМНЕ ја плашеше јавноста дека синџир на маркети КАМ бил затворен, дека луѓе ќе останеле без работа и што ли уште не, велат од СДСМ.
Навикнати на нивниот режимски начин на работа, никако не можат да разберат дека времето на политички мотивирани затворања на бизниси, времето на хилти, на „пиштење – вриштење“ заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.
УЈП како и сите надлежни институции работи согласно законските надлежности, постапува професионално и неселективно во заштита на законите и интересот на граѓаните.
Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ му пречи професионалната работа на институциите, па затоа шири лажни вести и манипулации со цел да предизвика паника меѓу граѓаните.
По пријава на граѓани, спроведени се контроли во еден синџир на маркети, при што не е затворен ниту еден маркет, ниту пак е изречена казна кон синџирот маркети.
Освен лажни вести и заштита на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ ништо друго и не знае, порачаа од СДСМ.