СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што институциите работат во служба на законите, а не во служба на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, неможејќи да се помири со фактот што државните институции работат професионално, неселективно и во служба на законите, наместо селективно, партизирано и во служба на Никола Груевски и неговата партија.

Заврши времето кога поединци беа над законите. Со ослободувањето на институциите, законските норми важат за сите подеднакво и секој се соочува со сопствената одговорност за своите постапки.

По промените на локалните избори таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на институциите во рамки на локалната власт, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e