ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очајни што не им успеаја деструкциите продолжија со она што најдобро го знаат – да измислуваат скандали и преку лаги да ја манипулираат јавноста.Последен таков случај е набавката на битумен од страна на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта „Македонија пат“ Скопје, реагираат од СДСМ.
Оттаму посочуват дека прва лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека набавката е склучена во четири очи, и дека се работи за отворена постапка за Јавна набавка на стоки објавена и во меѓународно гласило со спроведување на електронска аукција.
-Во однос на втората лага околу тендерската документација, како што објави и Претпријатието, корекциите се направени поради позитивно одговарање на поставени прашања од економски оператори и поради постапување по решение на Државната комисија за жалби по јавни набавки, по кое мора да се постапи.ВМРО-ДПМНЕ свесно меша „баби и жаби“ со споредбата на набавка на битумен од друго јавно претпријатие затоа што споредбата се врши помеѓу различни модели на понуда и различни специфики на работа и испорака.Во случајот на ЈП „Македонија пат“како влезен параметар во формирање на цената е земена берзанската цена на битуменот, додека другото локално јавно претпријатие како влезен параметар ја користи рафинериската цена на битуменот при испорака, посочуваат од владејачката партија.