СДСМ: ТВ дуели имало и ќе има, а извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

„ТВ соочувања со претседателот на СДСМ, Зоран Заев имало и ќе има.

Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал.

Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ.

Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази.

Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години.

Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слобдна, демократска, економски напредна држава.

Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите.

Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%.

Извршителот Мицкоски чекор назад, претседателот на СДСМ, Зоран Заев три чекори напред!

Затоа Мицкоски нека се подготви за нов пораз, а најголемиот го следи на 12 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e