СДСМ: Тополова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот „Талир“ во кој беше обвинет и Груевски

СДСМ утрово соопшти дека Владата брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Според партијата, целта е целосна контрола над обвинителството и, како што велат, погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

Според СДСМ, изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

-Анита Тополова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски, порачаа од партијата од „Бихаќка“.

Заменик-државната обвинителка ќе ја извршува највисоката обвинителска функција до изборот на наследникот на Коцевски. Таа беше единствен кандидат и доби едногласна поддршка од Советот.

При номинацијата за нејзин избор беше истакнато дека Тополова Исајловска повеќе години работела на заменичкото место, па добро ги познава случувањата и состојбите и може да се справи со предизвиците што ги диктира работниот ангажман.

Тополова Исајловска ќе ги координира обвинителствата најмногу шест месеци, а во овој период треба да се спроведе конкурс за избор на нов републички обвинител, кој ќе стапи на функцијата откако ќе добие амин од Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e