СДСМ: Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра

„Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра

Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра.

Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра.

Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски?

Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.

Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје.

Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e