СДСМ: Шокантно е колку е ВМРО-ДПМНЕ збунета од ефектот на антикризните мерки

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно се збунети од ефикасноста на антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ.

Цените на горивата во регионот и постојаниот раст додека единствено во Северна Македонија тие се намалуваат ги демантираат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.

Истата таа ВМРО-ДПМНЕ кога цените на горивата беа со нагорен тренд, ја обвинуваа Владата за покачувањето, а денес кога тие се намалуваат велат дека тоа било поради цените на светските берзи.

Шокантно е колку ВМРО-ДПМНЕ е збунета од ефикасноста и успешноста на антикрзните мерки кои доведоа до намалување на цените на горивата, но и на основните прехранбени продукти“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e