СДСМ: Реформата на образованието е потребна затоа што за 11 години ДПМНЕ создаде невиден хаос

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да лаже. Невистините и лажните вести се единственото нешто на кое што се потпира ВМРО лажни вести ДПМНЕ. Затоа 6 пати по ред губат на избори.Предметот историја не се укинува, ниту се брише, ниту се ретушира, џабе лаже оваа загубена партија. Тоа не е точно, се менува пристапот кон изучување на материјата. – порачуваат од СДСМ.

Лажеа и ги плашеа граѓаните дека во државата ќе се населуваат мигранти, дека ќе се промени структурата на населението со доселување на 2 милиони Африканци. Сега лажат дека историјата се ретушира.

Реформата на образованието е потребна затоа што 11 години токму ДПМНЕ создаде невиден хаос. – реагираат од партијата.

Неквалитетни учебници, полни со дискриминаторски содржини и материја несоодветна за возраста на учениците, проектот Кембриџ, чии учебници воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој не бил ни вклучен во развојот на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата.

Оваа нивна политика го доведе нашето образование на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.

Затоа следува сеопфатна реформа на образованието, а промените кои следуваат ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e