СДСМ: Продолжува изградбата на социјални станови

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите граѓани. Со одговорни мерки и политики на СДСМ им помагаме на стотици семејства да решат еден од најголемите животни предизвици – обезбедување покрив над главата, истакнуваат од партијата на власт.
Изминативе години, според СДСМ, изградени се или во фаза на градење се над 860 социјални станови низ целата држава и тоа во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија но и на други места.

Подвлекуваат дека изградбата на социјални станови продолжува.

„Топол дом ќе добијат и граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани. СДСМ со стратегијата за социјално домување не дозволува ранливите граѓани да останат на маргините на општеството и го поттикнуваме рамномерниот развој“, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e