После 11 декември граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса и тоа не можат да го спречат ниту УЈП, ниту Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската радио телевизија ќе биде јавен сервис на граѓаните финансиран директно од Буџетот.
Неодговорната власт преку УЈП нема право да им се заканува на 85.000 граѓани со извршители, а да ги толерира направените досега милионски долгови на Македонската радиотелевизија и други јавни претпријатија со коишто раководат кадри од власта.
Завршува времето на неправедната власт на Груевски!
Радидифузната такса ќе ја укинеме! Промените се случуваат! Македонија се менува! – се вели во реакцијата од СДСМ.