„Ниту една лажна анкета пласирана од Белиот дворец не може да ја сокрие вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неработењето на градоначалниците од оваа партија.
Последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ односно неработа.
Ниедна нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие скандалите во кои е вмешан Мицкоски ниту пак срамот од бројните судски случаи, од „Плацеви на Водно“ па се до „Титаник“ против членови на партиското раководството на најкриминалната партија во Европа“, стои во соопштението на СДСМ.