СДСМ како одговорна партија во ова време на пандемија има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата, порачаа од СДСМ.
Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата.
Мицкоски сака криза, сака незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.
Тоа СДСМ нема да го дозволи. Нема да дозволиме пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.
Ништо нема да го спаси Мицкоски од пораз за неговите пропаднати политики, се вели во соопштението од СДСМ.