Деструктивните политики, раскараноста со соседите, руинираната економија и осиромашените граѓани се минато со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Фактите потврдуваат дека СДСМ за 2.5 години направи повеќе за државата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.
Факт е дека нашата држава е светол пример во регионот со отворени врати за членство во НАТО и ЕУ.
Факт е дека економските реформи на СДСМ ја стабилизираа економијата, трошоците интензивно се намалуваат и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.
Факт е дека невработеноста достигна најниска историска стапка од 17.1 отсто.
Факт е дека без потрошено едно евро имаме странски инвестиции во износ од 741 милион денари за само 2.5 години.
Факт е дека се носат одлуки и закони во корист на граѓаните.
Граѓаните знаат дека на 12ти април ќе бираат меѓу интеграции и развој, наспроти изолации и заробеништво, граѓаните ќе бираат меѓу концептот на СДСМ кој враќа пари кај граѓаните и деструктивната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која осиромашува.