СДСМ: Нема повеќе МВРО-ВМРО и злоупотреба на полицијата

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што повеќе нема МВРО-ВМРО, што повеќе нема сокривање и бегање од одговорност.

МВР повеќе не е неформален општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и не служи за сокривање на убиства, за замолчување на новинари, за лажирање на избори.

Напротив, МВР денес работи професионално, отчетно и ефикасно и секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност.

Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација и ослободување на МВР и на останатите државни институции, со што тие стануваат вистински независен и професионален сервис на граѓаните, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e